Бора Ѓорѓевиќ беше една од најголемите рок ѕвезди на Балканот. Од многуте песни, секогаш издвојуваше една посебна.
„Погледај дом свој анџеле“ е песната со која Рибља чорба ги завршуваше своите концерти. Станува збор за песна која се појави на албумот „Вистина“ во 1985 година и веднаш стана хит.
Прогласена е за хит на таа година, а во 1995 година списанието Стандард ја прогласи за хит на деценијата. Се смета за една од најдобрите рок песни на југословенската рок-сцена, а самиот Бора Ѓорѓевиќ во интервју за магазинот Рок, кој го работеше Пеца Поповиќ, ја избра оваа песна кога требаше да избере само една од сите што ги направил, пренесува Сити Магазин.
„Таа значи сè! Но, таа значи и големо задоволство. Да не беше таа нумера, немаше да ја има „Рибља чорба“. Кога заминаа Бајага и Рајко, започна процесот на нашиот општа погреб. Тоа беше и првата песна која ја вежбаше новата постава. Штом ја снимивме, знаев што имаме во раце. Не погрешив во мојата проценка за нејзиното значење. Кога во „Југотон“ ми рекоа дека таа песна не може да се најде на плочата од стотина причини, јас цврсто реков: „Не доаѓа во предвид“!
Веднаш ја земав, се вратив во PGP RTB и тие ја прифатија, иако и за нив беше малку незгодно. И денес после толку време уживам да ја пеам. Таа за мене претставува повеќе од песна и ја означува мојата пресвртница во пишувањето текстови. Станав малку почуден, послободен и поинаков отколку на другите патеки“, изјави тогаш Бора Чорба.
Песната е именувана по истоимениот роман на Томас Волф, во кој делумно се опишани годините на американската криза, а како што рече Ѓорѓевиќ, таа е напишана сама по себе.
„Песната „Погледај дом свој анџеле“ е создадена на необичен начин, бидејќи е напишана сама по себе. Отиде против мојата волја, сликите дојдоа сами, не е баш најприфатлива римата, изјави тој во една емисија.