Бомбашкиот напад во Цетиње е ЦРВЕНА ЛИНИЈА!

3228

Директорот на Полициската управа во Црна Гора, Александар Радовиќ изјави дека од разузнавачките податоци веќе подолго време се зборува дека разбивањето на криминалните групи е во тек, и дека се очекувало да има бомбашки напад како денешниот во Цетиње.

За жал, тоа се оствари“, рече тој на вонредната прес-конференција по повод експлозијата утринава во Цетиње, во која две лица загинаа, а три се тешко повредени.

Две лица загинаа, а едно е тешко повредено откако бомба експлодираше во близина на Спортскиот центар во Цетиње, изјави лекарот Предраг Милошевиќ, пренесуваат локалните медиуми.

Двајца од повредените се префрлени во Подгорица на натамошни прегледи.

Во бомбашкиот напад загинаа Петар Далуѓеровиќ и Драган Рогановиќ.

Тешко повредениот Тас Јовановиќ се бори за живот во болница.

„Ова е црвена линија. Црна Гора не смее да си дозволи ниту една случајна жртва. Должни сме да се спротивставиме на сите форми на насилство и криминал. Борбата против криминалот мора да биде приоритет. Нема да биде лесно, но земјата ќе победи. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите носители на одлуки, и во Владата и пратениците, да дадат конкретен и максимален придонес. Овој ден никогаш повеќе не смее да се повтори“, изјави Радовиќ.