Во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, претставници на општинската администрација и ЈП „Комуналец“, како и претставници на останатите општини учесници во проектот, престојуваат во работна посета на Шведска, во градовите Стокхолм и Јевле, каде што ќе добијат повеќе конкретни сознанија и практични примери на подобрување на услугите на општините и комуналните претпријатија во секторот отпад, како и искористувањето на отпадот.
Во предвидените активности, беше реализирана посета на фабриката Екогас, која што е во доминантна сопственост на општината. Во неа, се третира органскиот отпад собран од општинските претпријатија, а се обработува околу 27.000 тони отпад годишно.
Фабриката произведува 28 GWh гас за возила, со што остварува над 5 милиони евра промет годишно. Исто така, учесниците во проектот беа запознати и со потребата од заедничка меѓуопштинска соработка за управување со отпад, од која што придобивките се повеќенаменски:
Општина Битола е една од шесте општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, кои ќе работат на одржливо управување со отпадот, проект финансиран од СИДА.