Според извори блиски до ѕвездата, Бијонсе е блиску до остар пресврт по долгогодишна политичка претпазливост со отворено поддржување на Камала Харис за претседател на САД.
Повеќекратната добитничка на Греми наградата Бијонсе (42) веќе и дозволи на американската потпретседателка да ги користи нејзините песни во нејзината кампања, но е подготвена да продолжи понатаму со донирање и поддршка на Харис бидејќи верува дека „влогот е превисок“ за таа да молчи, пишува „Дејли мејл“.
– Бијонсе го расчистила својот распоред за да присуствува на настан за собирање средства за Камала Харис, тврди изворот на весникот.
Тој додаде дека пејачката намерно се повлекла од политиката откако таа и нејзиниот сопруг Џеј Зи ја поддржаа кампањата на Барак Обама.
– Бијонсе реши повторно да се врати откако блиски луѓе и го покажаа Проект 2025 – рекол изворот.
Радикалниот план, наречен Проект 2025, беше развиен од сојузниците и поранешните функционери како план за втората администрација на Доналд Трамп. Но, Трамп и неговата кампања работеа на оградување од Проектот 2025, при што поранешниот претседател дури некои од предлозите ги нарече „екстремни“.
Изворот на Дејли Мејл изјави дека Бијонсе и Харис првпат се сретнале за време на кампањата на Обама во 2008 година, но „станале блиски пријателки“ за време на изборите, на кои победи Џо Бајден. Но, тие досега не се видени во јавноста. Во 2020 година, Бијонсе покажа помала поддршка за Бајден и Харис еден ден пред претседателските избори додека мавташе со маска на која беа напишани нивните имиња во објава на Инстаграм.
View this post on Instagram
Сега пејачката е подготвена и официјално да ја поддржи тековната кампања на Харис, која започна откако 81-годишниот Бајден се откажа од трката за Белата куќа на 19 јули.
– Таа чувствува дека влогот е превисок и верува во визијата на Камала за Америка – изјави инсајдерот за Дејли Мејл, додавајќи дека Бијонсе дури е подготвена да донира средства за кампањата.
– Таа одвои четири милиони долари за да донира во кампањата, со планови да донира уште повеќе доколку види потреба – додаде изворот.
Бијонсе веќе и покажа поддршка на Харис давајќи и дозвола да ја користи нејзината песна „Freedom“ како химна на кампањата.
MOTHER!
Kamala Harris uses ‘FREEDOM’ by Beyoncé & Kendrick Lamar as her very first walk up song on her presidential campaign. pic.twitter.com/O8hEIHXnDb
— COWBOY CARTER Updates ⭑ (@B7Album) July 22, 2024
Според „Дејли мејл“, Харис јавно ја поддржуваат голем број познати имиња, меѓу кои Карди Би, Џејми Ли Кертис, Џон Леџенд, Шер, Барбра Стрејсенд, Кети Пери, Спајк Ли, Квестлав, Деми Ловато и многу други.