Видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат како британската пејачка Адел го паузирала концертот и го проследила финалето на Олимпијадата на 100 метри на голем видео ѕид.
Адел ги воодушеви обожавателите со преносот на полуфиналето и финалето на Олимписките игри на 100 метри за спортистки на концертот во Минхен.
🏃🏾♀️ Adele stops her show to watch Sha’Carri Richardson in the 100M Women’s Final at the Olympics! #AdeleInMunich pic.twitter.com/oTnZPwNulx
— Adelettes (@Adelettes2) August 3, 2024
Полуфиналето се пренесуваше на преполн стадион, а финалето беше прикажано неколку часа подоцна, во живо од Париз.
Во финалето златото го освои Џулиен Алфред од Сент Лусија, додека Американката Шакари Ричардсон го освои сребрениот медал.
Овој месец пејачката има десет концерти во германскиот град во специјално адаптирана арена со капацитет од 80.000 луѓе на вечер.
Таа мораше да го прекине својот прв концерт во Минхен за да и помогнат да го отстрани делот од фустанот кој ѝ беше влажен од силниот дожд. Добитничката на 16 Греми во јули објави дека ќе направи „голема пауза“ од музиката по серијата претстојни настапи, пренесува dayFREURO.