Белгиец падна во провалија од 80 метри во Црна гора: Правел селфи на видиковец и се лизнал

    189

    Белгиски државјанин загинал откако паднал во провалија во градот Новосеље над Петровац, потврдија медиумите во Црна Гора.

    Белгиецот, кој бил на одмор во Црна Гора, го запрел автомобилот на видиковец и се обидел да ја фотографира панорамата и да направи селфи, кога се лизнал и паднал во провалија длабока 80 метри.

    Припадниците на Службата за заштита и спасување набрзо пристигнале на местото на настанот и како што објасни началникот на оваа служба Драган Божовиќ, пожарникарите извлекле тешко повреден маж кој давал слаби знаци на живот, но при транспортот во болница им подлегнал на повредите.

    На местото на трагедијата полицијата во Будва извршила увид, која утврдила дека се работи за несреќен случај.