EPA-EFE/Javier Cebollada

Енеа Бастијанини и Маверик Вињалес ќе ја продолжат кариерата во тимот на Тех3, а оваа информација ја потврдија од КТМ.

За Бестијанини беше познато дека ќе се пресели во Тех3 откако Марк Маркез го зазеде неговото место во тимот на Дукати, додека Вињалес беше предмет на шпекулации уште од трката во Муџело, кога откри дека нема потпишан договор со Априлија.

Со ова КТМ ќе има двајца одлични и искусни возачи следната сезона, со кои се надева на висок пласман во Мото ГП шампионатот.