Балканска земја која го скрши мразот: Во Словенија падна првиот снег/видео

2089
Фото:принтскрин/видео Метеоинфо Словенија

„Прв снег. Студениот фронт стигна до северот на Словенија, во Вршич веќе врне снег“, напиша на социјалните мрежи словенечката агенција за заштита на животната средина АРСО.

 

Вршич е највисокиот патен премин во Словенија. Се наоѓа под истоимениот врв на надморска височина од 1611 метри.

Словенија денеска беше зафатена од обилни врнежи од дожд. Невреме со обилни врнежи утринава ги погоди западните и јужните делови од земјата.

Климатологот д-р Жига Заплотник под објавата коментира дека во исто време се уште врне на Кредарица која се наоѓа на надморска височина од 800 метри.