Бактерија во бомбиците причина за труењето на 140 основци во „Ѓорѓија Пулевски“

30

Токсини од бактеријата стафилокока причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје. Ова го потврдија резултатите од земените примероци од храната која им била послужена на учениците од прво до трето одделение и кои пред четири дена се пожалија на силни стомачни болки.

Од Институтот за јавно здравје прецизираат дека траги од опасната бактерија биле најдени во мусаката и колачот, односно бомбиците кои ги добиле дента како топол оброк и ужинка и кои во училиштето ги доставувала надворешна фирма.

За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што итно беше затворена кујната во училиштето и оттогаш не се служеше топол оброк.