EPA-EFE/ADAM DAVIS

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, го пофали својот нов играч, Чеди Осман, кошаркар што настапува за Турција, а е родум од Охрид.

Осман пристигна како последно засилување на Панатинаикос за новата сезона, а дојде од редовите на Сан Антонио спарс.

  • Тој е одличен играч, во своите најдобри години е и има одличен карактер, што дефинитивно е важно. Елементи што, во основа, го карактеризираат неговиот карактер се физичката сила, агресивноста на двете страни од теренот и способноста да ја забрза играта кога најмалку очекувате. Тој може да покрие две позиции, добро ги „чита“ ситуациите и го става тимот пред себе. Покрај талентот и големиот квалитет, тој има зрелост и искуство на највисоко ниво, тој е вистински НБА-играч, каков што му требаше на Панатинаикос – истакна Атаман.