Асфалт за краците на улицата „51“ во Стопански Двор и за улиците „31“ и „49“, во Волково

917

Општина Ѓорче Петров, во моментов изведува градежни активности за асфалтирање на краците на улица „51“, во Стопански Двор, како и краците на улиците „31“ и „49“, во Волково.

Од Општината информираат дека со овие активности, кои опфаќаат вкупна површина од 2.300 квадратни метри, директно се подобруваат пристапните патишта до домовите на нашите сограѓани.

-Работиме со цел да го направиме Ѓорче Петров место со подобри услови за живот и модерни патишта. Ѓорче Петров без кал е веќе реалност – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.