Антонио Перез Гарибај, таткото на Серхио Перез, возач на тимот на Ред бул во Формула 1, итно бил пренесен во болница во Мексико Сити, неколку минути по судирот меѓу неговиот син и Карлос Саинц во претпоследниот круг од Големата награда на Азербејџан, во Баку.
Медиумите објавија дека Перез Сениор бил во прединфарктна состојба. Го нашле неговите роднини без свест, во бањата. Очигледно, Антонио премногу се возбудил кога Чеко го удри Карлос, по што отишол во тоалетот да се освежи.
Antonio Pérez, padre de Checo, me confirma que está “ya todo bajo control”. Afortunadamente se encuentra fuera de peligro tras sufrir un infarto.
“Me desmayé al terminar la carrera (de Fórmula 1)”, me platica.
¡Pronta recuperación, estimado Toño!”. @AntonioPerezJAL pic.twitter.com/rueoDf8esm
— Gabo Martínez (@gabomrubio) September 17, 2024
Итно бил пренесен во болница, каде што останал под медицински надзор на одделението за интензивна нега. Неговата состојба е опишана како стабилна, еден ден подоцна.
- Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката и за солидарноста во овие моменти – напиша на својот инстаграм-профил Антонио Есмералдо Мендоза, агентот на Серхио Перес.
Возачите на Ред бул и на Ферари се судрија на самиот крај од неделната трка во Формула 1, кога се бореа за третото место. За среќа, двајцата излегоа неповредени од овој инцидент.