Ангеловски поднел оставка од директорската функција во ЈП „Паркови и зеленило“

579

Директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Мартин Ангеловски си поднел оставка од функцијата, на два месеци откако е именуван.

Ова како што велат од Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е последниот пример оти скопската градоначалничка Данела Арсовска продолжува да го води Град Скопје со хаотична динамика на кадровски промени, која ја одразува како што велат нејзината неспособност да создаде стабилно раководство на јавните претпријатија.

-Ова не е изолиран случај, туку дел од континуираната серија разрешувања и именувања, што ја приближува Арсовска до рекордна бројка од 40 промени во својот мандат – бројка што повеќе зборува за неуспешното управување отколку за каква било ефикасност – велат од ВМРО-ДПМНЕ.