Алармантно: Училиштата се празнат – запишани 500 првачиња помалку од лани

22

Во новата учебна година се запишале 500 првачиња помалку од лани во мај. Ова го соопшти министерката за образование Весна Јаневска.

-Имаме 500 првачиња помалку запишани за разлика од мај минатата година. Податоците се поразителни. Државата не може да има иднина ако продолжи овој тренд. Тоа е резултат на иселувањето од државата, и тој тренд очигледно продолжува, а продолжува и трендот на пад на првооделенците од година во година, рече Јаневска.

Според неа, мора да се работи на сите полиња, за да се стопира процесот на иселување на младите. Поради тоа, Министерството за образование и наука во следните три години најавува дека ќе се градат нови 28 училишни спортски сали во Македонија. „Само така можеме да им создаваме подобри услови за образование и живеење во Македонија, посилно чувство на припадност во општеството и мотив да останат и понатаму да помогнат во развојот на државата“, вели Јаневска.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2023/2024 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182.124, што претставува намалување за 1.6 % во однос на претходната учебна година, кога имало 185.099 ученици.