Аларм во Загреб: Пет лица заразени со легионела, двајца се во тешка состојба

167

Пет пациенти се хоспитализирани во Загреб откако заболеле од бактерија легионела (Легионерска болест), а двајца пациенти се во тешка состојба, соопшти Клиничкиот болнички центар (КБЦ).

По откривањето на заразените пациенти е покрената истрага за изворот на заразата, бидејќи е познато дека многу често инфекцијата може да се прошири или од клима уреди или од вода, пренесе Јутарњи лист.

-Веднаш го алармиравме Хрватскиот институт за јавно здравје кој ги направи сите анализи и бактеријата е изолирана во водоводниот систем, во моментов е во тек пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата,  изјави Миливој Новак, помошник директор на КБЦ.