„Airbus“ планира да укине минимум 15.000 работни места

41

„Airbus“ може да скрати повеќе работни места отколку што беше планирано. „Ситуацијата е полоша на почетокот на есента отколку што компанијата процени ова лето. Поради тоа планираме да намалиме минимум 15.000 работни места, изјави деловниот директор, Мајкл Шелхорн.

Поради мерките за корона и стравот на патниците од пандемијата, секторот за воздушен транспорт ги намали капацитетите на минимум и го забави темпото на испорака на нови авиони.

Некои фабрики на „Airbus“ беа недоволно користени дури и пред пандемијата, а синдикатите стравуваат дека управата може да затвори цели фабрики.