Aхмети спрема изненадување: ДУИ ќе предложи кандидат за градоначалник на Скопје?

347

ДУИ во Липково вчера ја започна постапката за избор на кандидати за градоначалници, но и за советници на годинешниве локални избори, а лидерот Али Ахмети најави име кое ќе биде „големо изненадување“ на 5 јуни.

Шпекулациите одат до таму дека в сабота кога ќе се прославува роденденот на ДУИ за градоначалник на Скопје заедно со СДСМ ќе биде номиниран  кандидат Албанец.

„На 5 јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер“, најави вчера Ахмети во Липково.

Во прилог на ова одат и поставените билборди изминатиот период со зелена боја на кои пишува „Нешто големо доаѓа“. Оваа идеја и кампања се слични во мотивите со онаа пред ланските парламентарни избори во јули, кога ДУИ бараше прв премиер Албанец.