Aмериканските ресторани се соочуваат со недостиг од кечап поради „ковид-19“

90

 Американските ресторани се соочуваат со недостаток на кечап, бидејќи пандемијата на вирусот корона доведе до зголемување на побарувачката за кесичките со популарниот сос од домати.

Хајнц, најпродаваната марка на кечап, рече дека зголемувањето на побарувачката е „поддржано од забрзана испорака и трендови на извоз“, пренесува Би-Би-Си.

Кесичките често ги следат нарачките и ефикасно ги заменуваат шишињата што ги има на масите во рестораните.

Крафт Хајнц, кој го зголеми производството, вели дека веќе ги прилагодил процесите на производство, но дека „побарувачката е поголема од понудата“.

Цените на кесичките се зголемени за 13% од јануари 2020 година, според „Волстрит журнал“.

www.news.yahoo.com