Изменето работно време  на шалтерите за наплата

95

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во согласност со новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја, препораките и насоките на Владата и Министерството за здравство како и новите временски интервали за полициски час, кои се однесуваат на спречување на ширењето на корона вирусот, ја известува јавноста за измени во работното време.

Шалтерите за наплата на сметки во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ ќе работат со ново работно време и тоа само од понеделник до петок од 8 до 15 часот.

Освен тоа, теренските активности ќе се одвиваат само во случај на дефект или во специфични ситуации.

-Во овој момент, со цел почитување на препораките за спречување на ширењето на ковид-19, Ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација“, со која нашите услуги се поблиску до вас-потенцираат од претпријатието.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“ може   да се јавите на телефонските броеви:02 3073 010 на дежурно информативниот центар и на  02 3240 300 во дирекција.