Лажни вести, Фабрицио лаже!

143

Човекот кој во светот е познат како „доктор за фудбалски трансфери“, Фабрицио Романо, е обвинет дека лаже и тоа лично од фудбалерот за кој тврди дека ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Италијанецот има 14.7 милиони фанови на неговиот твитер профил и затоа важи за еден од најсигурните извори кога се во прашање фудбалските трансфери.

Фабрицио секогаш знае што точно се случува кога се во прашање понудите за фудбалерите, а таквата информација ја добива речиси пред сите медиуми. Сепак, Романо за првпат е обвинет дека лаже и тоа директно од фудбалерот за кој пишуваше на својот твитер профил.

Новинарот напиша дека Хозе Чифуентес, кој игра за Лос Анџелес во американската МЛС лига, за брзо време треба да потпише за шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс.

Романо напиша дека преговорите се во финалната фаза и дека веќе се одржани неколку состаноци помеѓу агентот на фудбалерот и преставниците на клубот.

Само неколку часа подоцна пристигна реакцијата на фудбалерот кој тврди дека нема ништо точно во информацијата дека преговара со шкотскиот клуб.

  • Лажни вести. Фабрицио лаже, среќен сум во Америка. Ренџерс се мал клуб, напиша Жозе на својот твитер профил.

Пред да се пресели во редовите на Лос Анџелес, Чифуентес го носеше дресот на Универсидад Католика, а моментално ја дели соблекувалната со легендарниот репрезентативец на Италија, Џорџо Киелини и со мексиканскиот интернационалец, Карлос Вела.