Плачи Неимар, плачи, Хрватите се појаки

51
epa10357493 Players of Croatia celebrate after winning the FIFA World Cup 2022 quarter final soccer match between Croatia and Brazil at Education City Stadium in Doha, Qatar, 09 December 2022. EPA-EFE/Friedemann Vogel

Хрватска го шокира и воодушеви фудбалскиот свет со победата над Бразил и пласманот во полуфиналната рунда од Светското првенство во Катар. „Коцкестите“ втор пат по ред, а трет пат во последните 2- години, се пласираа помеѓу најдобрите четири репрезентации во светот.

Неверојатниот успех на Хрватска одекна во целиот свет, а во ексклузивното интервју кое го даде за хрватскиот портал „Индекс.хр“, легендарниот македонски фудбалер, Дарко Панчев, изјави дека е воодушевен од пристапот на избраниците на Златко Далиќ, дека Хрватска победува како што на времето победуваше Италија и додаде дека цело Скопје навивало за „коцкестите„ против Бразил.

  • Натпреварот го гледав со легендите на македонскиот фудбал, Бобан Бабунски и Васил Рингов, кој има играно и за Динамо (З). Сите бевме пресреќни кога заврши натпреварот, се гушкавме, еден на друг си дававме „петки“, а Васе тогаш кажа: „Сега тоа е тоа, и полуфиналето ќе го гледаме заедно, да и донесеме среќа на Хрватска. Нормално дека се сложивме. Кога го видов после натпреварот како Неимар и Бразилците плачат викнав на цел глас: „Плачи, Неимар, плачи, Хрватите се појаки“. Нема ништо чудно во тоа дека во Скопје жестоко навивавме за Хрватска. Сепак се работи за држава од поранешна Југославија. За кого Македонците треба да навиваат на СП ако не за Хрватска? Ние постарите кои живеевме во таа држава навиваме пожестоко, но и помладите навиваат така и мене многу ми е мило. Искрено, целиот свет очекуваше победа на Бразил, но во фудбалот не постојат правила. Секоја победа над Бразил е изненадување, но тие кои подлабоко ја пратат фудбалската игра ова не е некоја голема сензација, затоа што Хрватска е веќе фудбалска сила. Веќе нема изразити фаворити и големи тимови. Хрватска повторно е во игра за медал, за неколку дена ќе видиме дали ќе биде бронзен, сребрен или златен. Сепак, веќе остварија фантастичен резултат, изјави Панчев.

Во продолжението од интервјуто за „Индекс.хр“, македонската легенда откри кој репрезентативец на Хрватска најмногу го има импресионирано и прогнозираше која селекција ќе обезбеди пласман во финалниот дуел.

  • Доминик Ливаковиќ. Без дилема е најдобриот голман на Мундијалот. Не само поради пеналите, тој брани сигурно и добро. Има фантастичен тајминг кога ќе излезе од гол линијата, го чува својот гол. Убеден сум дека неговата цена ќе порасне за десет пати. Ќе биде еден од најскапите голмани во светот. Се е отворено кога е во прашање полуфиналниот дуел со Аргентина. Во оваа фаза нема фаворити. Не сум импресиониран од Аргентина и Хрватска треба да ја игра својата игра. Од срце ви ја посакувам сета среќа, повторно да играте финале, а ние ќе навиваме за вас, додаде Панчев.