Иако на репрезентацијата на Шпанија и е доволен само еден бод од последниот натпревар во групната фаза за да обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда, селекторот на „црвената фурија“, Луис Енрике, откри дека не планира да тактизира против Јапонија.
- Некој да ни понудеше ваква ситуација после две одиграни кола, најверојатно ние ќе ја прифатевме без размислување. Нема да калулираме на последниот натпревар. Идеме на победа, сакаме да бидеме први во групата, изјави Енрика.