EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Актуелниот шампион во Евролигата, екипата на Анадолу Ефес, со трофеј ја започна новата сезона во Турција, откако славеше во Суперкупот против големиот ривал Фенербахче со 71:62.

Но, овој триумф ќе остане во сенка поради повредата на еден од најдобрите играчи на Ефес, Шејн Ларкин. Американскиот плејмејкер ја повреди раката и ќе отсуствува најмалку осум недели, односно до крајот на годината.