EPA-EFE/Jose Mendez

Директорот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, го критикуваше Луис Хамилтон дека не ја препознал способноста на Макс Верстапен.

Двојката беа лути ривали во текот на минатогодишната битка за титулата во Ф1, а се пожестоко беше по бројните инциденти по кои Формула 1 стана една од најконтроверзните шампионати во историјата на спортот.

Двајцата возачи имаа по неколку лудории на патеката за време на нивните дуели, додека судирите во Силверстон и Монца создадоа војна помеѓу Мерцедес и Ред Бул.

Верстапен на крајот го совлада возачот на Мерцедес во спорната завршница на сезоната во Абу Даби и ја освои својата прва титула.

  • Мислам дека отсекогаш имало почит, не може да не се почитува сè што Луис направил и постигнал во овој спорт. Тоа е извонредно и веројатно никогаш нема да се подобри. Но, секој може да се победи во одреден момент и Макс имаше почит кон Луис. Немаше воопшто страв да му се спротивстави, воедно уживаше во тоа, од можноста да се трка со него тркало до тркало. На крајот, тој веруваше дека може да го победи и беше тоа самодоверба што во толку многу наврати го видовте како дојде до крај, изјави Хорнер за поткастот „Beyond the Grid“.

Битките на Верстапен со Шарл Леклер оваа година беа многу порелаксирани, со тоа што возачите си дозволуваа еден на друг повеќе простор и со помалку непријателство меѓу двата поранешни ривали во картинг, за разлика од борбите со Хамилтон.

  • Можеби има поинаква почит кај Шарл. Тие се тркаа како деца и постои меѓусебно почитување. Никогаш не сум слушнал дека Луис ја препознава способноста на Макс, додавa Хорнер.