Папата Франциск одржа свечена литургија во Атина

42

Во салата за концерти  во Атина, во присуство на 2.500 католици, папата Франциск одржа свечена литурија, во рамките на неговата посета на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Папат и верниците заедно се помолија, а на крајот од мисата, им се заблагодари како на верниците, но и на домаќините во Грција, со оглед на тоа дека утре наутро ја завршува тридневната посета.

Поради здравствените протоколи, салата беше исполнета со 50 отсто од капацитетот, а во централната просторија, каде што и се одржа литургијата имаше  околу 900 лице, меѓу кои и акредитирани новинари.

Останатите верници, литургијата ја следеа на видеобимови поставени во другите простории.

Влезот беше дозволен само со специјални покани, а делот околу салата беше под силни безбедносни мерки.

Граѓани, пред се странски државјани од католичка вероисповед, кои не успеаја да добијат покана за мисата, излегоа на околните улици со надеж дека барем таму ќе го видат возилото со папата.

По завршувањето на свечената литургија, атинскиот градоначалник Костас Бакојанис, на поглаварот на римокатоличката црква му додели златен медал на градот Атина, што е највисоко одликување на грчката престолнина.