65 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 21 упатени на вонреден технички преглед

34
Во текот на вчерашниот ден на територијата на целата држава спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата констатирани се 65 сообраќајни прекршоци, при што три возила се исклучени од  сообраќај поради истечена регистрација. Упатени на вонреден технички преглед се 21 возило.Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.