Дневен ковид биланс:Починати 37 лица, регистрирани нови 870 случаи на Ковид-19

56
Во последните 24 часа се направени 5.844 тестирањe, а регистрирани се 870 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 368
• Тетово – 78
• Гостивар и Куманово – по 53
• Кичево – 40
• Струмица – 39
• Прилеп – 29
• Охрид – 28
• Кавадарци– 22
• Струга – 20
• Битола и Дебар – по 15
• Ресен – 13
• Свети Николе – 12
• Велес и Радовиш – по 11
• Делчево – 8
• Неготино – 7
• Кочани, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 5
• Крива Паланака, Берово и Виница – по 4
• Штип, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3
• Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2
• Демир Хисар – 1
Пријавени се 37 починати лица: 10 починати лица од Скопје (78г, 73г, 71г, 69г, 69г, 67г, 61г, 56г, 48г, 42г), 8 починати лица од Тетово (85г, 83г, 80г, 78г, 74г, 63г, 62г, 53г ), По 4 починати лица од Куманово (85г, 69г, 57г, 22г ) и Струга (69г, 64г, 63г, 61г ), 3 починати лица од Гостивар (81г, 66г, 58г ), 2 починати лица од Кочани (78г, 63г ), и по едно починато лице од Прилеп ( 62г ), Велес ( 35г ), Кавадарци ( 61г ), Струмица ( 79г ), Кичево ( 57г ) и Дебар ( 75г ). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 661 оздравени пациенти од:
• Скопје – 227
• Тетово – 110
• Гостивар – 72
• Струмица – 64
• Кичево – 54
• Куманово – 43
• Штип – 16
• Битола – 15
• Радовиш и Дебар – по 11
• Кочани – 9
• Ресен – 8
• Берово и Кратово – по 5
• Велес – 4
• Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 2
• Гевгелија – 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.158.171 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 176.494, бројката на оздравени пациенти е 156.307, на починати е 5.938, а бројот на активни случаи изнесува 14.249