Историјата на Олимписките игри е напишана од бројни великани, но меѓу нив има и поединци чии успеси со право можат да се карактеризираат како олимписки чуда.

Олимписките игри се кулминација во кариерата на еден спортист. За време на тие две недели, сè додека во просек трае најмасовното натпреварување, погледите на целата публика се насочени кон спортските арени и скоро секој учесник се подготвува што е можно подобро за настап на нив.

Врвната подготовка со мотив до, наротски кажано – небото, може да доведе до совршен резултат и често да ги стави фаворитите без најсјајното одличје. И од првите современи Игри, кои беа, рестартирани во 1896 година, беа видени голем број на вистински спортски подвизи, изведени од оние од кои никој, па дури ни самите, не го очекуваа ова лудило.

Денот кога Аргентина го фрли на колена „дрим-тимот“

Пораз на убедливо најдобрата репрезентација во групната фаза може да се „соџвака“, но во елиминациската фаза тоа е еднакво на чудо. Со такво нешто се соочија кошаркарите на САД, кои ги потценија Аргентинците, па за една четвртина го доживеаја најголемиот дебакл на Олимпијадите.

Сето ова се случи во 2004 година, кога Аргентина беше предводена од Ману Џинобили, кој на тој меч постигна 29 поени. „Гаучосите“ во полуфиналето ги совлада Американците со 89:81 и предизвика еврофија меѓу љубителите на кошарката.

„Летачка домаќинка“ и четири златни медали

Во 1948 година Олимписките игри се одржаа во Лондон, а атлетичарката Фени Блекнерс-Коен од Холандија во главниот град на Англија со 30 години и две деца, според тогашните стандарди на спортот, ја сметаа за пензионерка. Сепак, и покрај се, таа реши да настапи во четири атлетски дисциплини. Златото на 100 метри беше проследено со златото на 80 метри со пречки, проследено со најсјаниот медал на трката на 200 метри, за да го заврши турнирот со титулата во штафетата.

Истите луѓе кои ја карактеризираа со прекарот „домаќинка“ при нејзиното пристигнување, ја опишаа со истиот збор додека заминуваше, само и го додадоа префиксот по кој ќе остане запаметена во историјата на спортот – „летечка“.

Емил Затопек во епизодата „Кај маратонот важно е само да се трча“

Во 1952 година, во Хелсинки, Емил Затопек од тогашната Чехословачка не можеше да знае дека неговиот чин ќе биде совршено опишан во една епизода од популарната серија „Како ја запознав вашата мајка“. Кога еден од главните ликови, Маршал Ериксен, беше спречен да го истрча маратонот во Њујорк поради комбинација на несреќни околности, неговото место го завзеде Барни Стинсон, кој, под сомнение на неговите пријатели дека ќе го заврши, рече: „Трчањето маратон е всушност едноставно. Постои едно правило – почнувате да трчате… и тоа е тоа“.

Затопек прво освои злато на 10.000 метри, а потоа по совршен пресврт стигна до златото на половина од растојанието, за во последен момент се пријави и на маратонот. Никогаш порано не ја имаше трчано оваа голема дистанца, но и никој не веруваше дека ќе дојде до голем резултат. Стана јасно дека нешто големо се подготвува кога Затопек го престигна тогашниот светски рекордер, Британецот Џими Питерс и го праша: „Дали ова е премногу брзо?

Тој патеката ја истрча за 2:23:03.2, односно две и пол минути пред осовојувачот на сребрениот медал.

Били Милс и победа која и пркоси на логиката

Името на Били Милс во суштина нема тежина, сè додека не дојде редот на Олимписките игри. Тогаш е најголемо неговото име.

Маринец по избор во кариерата, Милс стигна до финалето на трката на 10.000 метри во Токио, но влезе во финалето како досега најмалку познат и признаен од вкупно 29 натпреварувачи.

Трката ја предводеше Рон Кларк од Австралија, а веднаш до него Мохамед Гамуди од Тунис кој беше тогашен светски рекордер. Но, на големо изненадување, Били од Америка беше на третото место.

Додека Кларк и Гамуди се бореа за првото место, Милс постојано си повторувал: „Јас можам да победам, можам да победам, можам да победам“, и како што си велел, одеднаш започнал со спринтот што го однесе до вечноста. Тој ги збунил сите со својата брзина која му донесе злато.

Тунижанецот Хафну е главна тема во Токио

Но, ниту оваа Олимпијада во Токио не остана без некое чудо. Имено, тунискиот пливач Ахмед Хафну го направи најголемото изненадување, откако освои златен медал на 400 метри слободно. Неверојатниот 18-годишен Тунижанец својот најголем успех во кариерата го оствари победувајќи ги големите фаворити Џек Меклафлин од Австралија и Киран Смит од САД, кои завршија на второто, односно третото место.

Хафнуи ја заврши трката за време 3:43.36 минути, скоро две и пол секунди побрзо отколку во квалификациите и стана само третиот пливач во историјата со злато од патеката број осум. Ова е прво злато за Тунис во оваа дисциплина, а трето во пливачките натпревари.

Останува да видиме дали ќе има уште некој ваков херој кој ќе влезе во аналите на Олимписките игри во Токио.