„ 51-ви Караван на празникот на мимозите“ во Скопје

158

Амбасадата на Црна Гора во Република Северна Македонија во соработка со Општина Херцег Нови и туристичката организација на Херцег Нови, утре во Скопје организираат манифестација „51-ви Караван на празникот на мимозите“.

Како што соопшти црногорската Амбасада во земјава, на свеченото  дефиле ќе учествуваат мажоретки, кловнови и Градска музика, кои ќе се движат од Музеј на град Скопје по улица „Македонија“ до плоштадот „Македонија“.

Долж маршрутата ќе бидат поставени пултови на кои ќе се делат промотивни материјали за општина Херцег Нови, како и традиционалните мимози.

На караванот ќе присуствуваат градоначалникот на град Херцег Нови, Стеван Катниќ и амбасадорот на Црна Гора во Република Северна Македонија, Марија Петровиќ.