Се соочува со најголема казна: 50 години затвор за таткото-монструм што си ги фрли четирите деца од балкон

155

Пропишаната казна затвор за обид за тешко убиство е долгогодишен затвор, до 40 години, а постои можност да се изрече и казна од 50 години, што е најголема казна што ја пропишува законот, пишуваат хрватските медиуми.

Седумгодишното девојче, кое се бори за живот, откако таткото минструм ја фрли неа и нејзините две сестрички и братчето од балкон е во стабилна состојба во клиниката во Загреб. На таткото монструм, кој се бранел со молчење му е одреден 30 дневен истражен затвор. Јосип Роѓак си ги фрли четирите деца на возраст од 3 до 8 годишна возраст вчера утрото од балкон висок 8 метри.

Најмалите момче и девојче се со полесни повреди, додека најтешко е повредено седум годишното девојче со повреди на главата и црниот дроб и се наоѓа во состојба на индуцирана кома. Нејзината 8 годишна сестричка била оперирана во болницата во Задар.

На педесет и четиригодишниот Јосип, кој според соседите и социјалните служби воопшто не се грижел за семејството, му се заканува казна затвор за обид за убиство од 50 години.