Навистина функционираат:Домашни препарати против потење

457

 Веднаш штом ќе стане потопло, почнуваме да се потиме силно, некогаш потешко, а некогаш послабо. Оние кои имаат проблем со прекумерно потење, решението го наоѓаат во темна облека што не покажува влажни траги, но има и подобри начини.

Овие 5 домашни лекови против потење, ќе ви помогнат во борбата против прекумерното потење, а се направени со производи кои се добри и за вашата кожа.

Чај од бозел

За овој чај, односно природен препарат против потење ќе ви бидат потребни овие состојки:

6 свежи листови од бозел

1 литар вода

Подготовка

1. Варете 6 свежи стови со еден литар вода. 2. Натопете памучни блазници во овој чај и притиснете ги неколку пати на ден на пазувите или на други места каде што се потите.

Сода бикарбона и лимон

Состојки:

10 гр сода бикарбона сок од 1 лимон

Подготовка:

Измешајте сода бикарбона со сок од лимон и направете паста. Ставете го на пазувите и почекајте 15 минути. Повторувањето на овој третман ќе помогне да се намали мирисот на пот.

Пченкарен скроб

Можете да користите пченкарно брашно или скроб за да ја одржите кожата сува и без мирис.

Потребно е:

10 гр пченкарен скроб, 5 гр сода бикарбона

Подготовка

Измешајте пченкарен скроб или брашно и сода бикарбона. Ова можете да го користите како дезодоранс. Природниот дезодоранс ја апсорбира потта во текот на денот. Овој антиперспирант има и посебен ефект: пудрата не треба да остава траги на облеката.

Јаболков оцет, мајчина душица и рузмарин

Мешавината на оцет и лековити билки обезбедува неутрализирање на непријатни мириси под пазувите, а со тоа и мирис на телото со помалку потење.

Потребно е:

10 гр мајчина душица 10 гр рузмарин 125 мл јаболков оцет 250 мл вода

Подготовка:

Оставете мајчина душица и рузмарин да се крчкаат во вода околу 10 минути. Потоа добро исцедете го пијалокот и измешајте го со оцет. Нанесете ја течноста на пазувите со памукче.

Чај од жалфија

Состојките на жалфијата ги менуваат хормоните така што протокот на пот се регулира. Потребно е: 50 гр жалфија 1/2 литар вода

Подготовка:

Сварете жалфија во тенџере со еден литар вода. Оставете да врие околу 15 минути.  Пијте малку чај 1-2 пати на ден и нанесете се на местата каде што најмногу се потите.