Елмас подобар од Велковски, Адеми асистира

112

И покрај сите емоции и мачни сцени низ целиот град кои се поради смрта на најголемиот фудбалер во клупската историја, легендарниот Диего Армандо Марадона, играчите на Наполи собраа сила и го добија со 2:0 дуелот од 4. коло во Лига Европа против хрватскиот преставник, Ријека.

И двајцата репрезентативци на Македонија, Елиф Елмас и Дарко Велковски беа стартери на дуелот на „Сан Паоло“, а „азурите“ дојдоа до планираните три бода со автоголот на Анастасио и погодокот на Лозано.

На само еден чекор од посакуваниот пласман во 1/16 финалната рунда се фудбалерите на актуелниот шампион на Хрватска, тимот на Динамо (З). Популарните „модри“ со 3:0 славеа на гостувањето во Австрија, а репрезентативецот на Македонија, Аријан Адеми беше асистент на вториот погодок.

Резултати: ГРУПА А: ЦСКА Софија – Јанг Бојс 0:1, Клуж – Рома 0:2. ГРУПА Б: Молде – Арсенал 0:3, Дандалк – Рапид Виена 1:3. ГРУПА Ц: Леверкузен – Хапоел БШ 4:1, Ница – Славија П. 1:3. ГРУПА Д: Ренџерс – Бенфика 2:2, Стандард – Лех 2:1. ГРУПА Е: ПСВ – ПАОК 3:2, Гранада – Омонија 2:1. ГРУПА Ф: Наполи – Ријека 2:0, АЗ Алкмар – Сосиедад 0:0. ГРУПА Г: Брага – Лестер 3:3, АЕК – Зорја 0:3. ГРУПА Х: Лил – Милан 1:1, Спарта П. – Селтик 4:1. ГРУПА И: Карабах – Сиваспор 2:3, Макаби ТА – Виљареал 1:1. ГРУПА Ј: ЛАСК – Антверпен 0:2, Тотенхем – Лудогорец 4:0. ГРУПА К: ВАЦ – Динамо З. 0:2, ЦСКА Москва – Феенорд 0:0. ГРУПА Л: Гент – Црвена З. 0:2, Слован Либерец – Хофенхајм 0:2.