Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, си најде нова жртва за „малтретирање“. Пред неколку дена Кин удри со дрва и камења по офанзивниот бек на Манчестер Сити, Кајл Вокер, а сега на ред дојде и неговиот тимски колега Серхио Агуеро.
- „Мојот проблем со Агуеро е што кога се врати да игра – беше очигледно дека е здебелен. Делуваше тешко, многу побавно од порано. Нормално е по повредата да ви треба време да ја достигнете брзината што сте ја имале претходно, но кај него беше очигледен вишокот на килограми. Само Господ знае кој број панталони носи Агуеро, во свој стил критикуваше Кин.