45 години од трагичната смрт на легендарната пејачка Силвана Арменулиќ: „Што ќе ми е живот без тебе драги“ – песна по која ѝ се препознава кариерата

324

Пејачката Силвана Арменулиќ или како што и е вистинското име Зилха Бајрактаревиќ, родум е од Добој, Босна, а загина во тешка сообраќајна несреќа, точно пред 45 години. Беше обожавана до небото, од целата тогашна Југославија

Силвана почна да пее на 16 години, кога и замина во Белград со надеж да направи голема кариера, да направи пари. И го направи сето тоа, но потоа судбината сакаше нешто поинаку. Да загине и зад себе да ја остави ќерката и сопругот Радмило Арменулиќ, тогаш познат југословенски тениски тренер. Уметничкото име Силвана го зема по своја желба бидејќи актерката Силвана Мангано од филмот “Горчливиот ориз“ и беше многу голема миленичка.

Деновиве, Силвана е повторно актуелна поради појавата на нејзиниот лик во популарниот филм за Тома Здравковиќ со кој пејачката беше одлична колешка и пријателка. Нејзиниот сопруг Радмило Арменулиќ, деновиве раскажа како изгледало неговото запознавање со Силвана….
-Нашата љубов се роди во хотелот „Гранд“ во Белград, а тоа беше љубов на прв поглед. Силвана во „Гранд“ пееше. Еден мој пријател, за жал денес е починат, а чија жена исто пееше, ме убедуваше: “Ајде да одиме во “Гранд“, ајде да одиме, па да одиме. И, навистина отидовме. Силвана пееше некоја песна за која јас ѝ кажав дека не ја пее добро и дека јас ги знам зборовите. Ѝ ги запишав и се сеќавам дека потоа кога пак дојдов во хотелот, пееше онака како што ѝ напишав. Тука се роди нашата љубов. Фатална жена за секој маж! Таа во тоа време се забавуваше со еден аптекар, но набргу раскинаа откако ние ја започнавме нашата врска. Се венчавме, јас потоа отидов во Германија по работа, а некако во тоа време ни се роди ќерката.

Силвана станува мегапопуларна, со Лепа Лукиќ беа лута конкуренција, а особено стана популарна по серијата „Љубов на селски начин“ кога го испеа хитот за сите времиња “Што ќе ми е живот без тебе драги… кога друга љубов не сакам да имам…“
Ќерката Гордана имала само 12 години кога нејзината мајка почина.

Денес по повод 45-годишнината од заминувањето на Силвана, и по повод филмот “Тома“, Гордана остави трогателна емотивна порака: „Драга мајко, се враќам во детството во тие среќни денови што ги поминавме заедно… Тешко е без тебе… Ти благодарам за сите прегратки, топли зборови и бакнежи што ми ја загреваат душата. Живееш секој ден низ моите мисли сите овие години. Ќе живееш во мене засекогаш. Копнеев по тебе, мајко. Нека те чуваат ангелите и бог. Те сакам многу“.