Населбата Пржино ќе добие многу подобри услови за живеење

179

Општина Кисела Вода исто како и во останатите делови на својата територија, инфраструктурата ја подобрува и во населбата Пржино.

Во моментов, ЈП „Водовод и канализација“ во соработка со Општината на улицата „Милан Мијалковиќ“, во должина од околу 400 метри поставува водоводни цевки со профил Ф200, а во исто време Општина Кисела Вода во должина од 1218 метри и ширина од 5,50 метри врши целосна реконструкција на истата улица. На улицата, со ширина од 1,5 метри од двете страни ќе се изврши обнова и на тротоарите.

За реконструкцијата на улицата, Општина Кисела Вода средства обезбеди преку проектот за подобрување на општинските услуги МСИП 2, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка од Светска банка.

Денеска увид во градежните работи на улицата извршија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ.