Актуелниот европски ракометен шампион, екипата на Вардар, и покрај тоа што претрпе пораз на реванш натпреварот против Нексе (25:26), сепак успеа да се пласира на Ф4 турнирот во СЕХА Гаспром лигата, благодарените на минималната победа на гостински терен.

Во текот на целиот натпревар се играше израмнет ракомет полн со грешки на двете страни, пред се поради долгата пауза која ја имаа ракометарите на двата тима.

На крајот Вардар мораше да се вади и со гол на Валчак во последните моменти од натпреварот и да обезбеди пласман на завршниот турнир во регионалната лига.

ФОТО: Петр Стојановски