Уште 15.000 пензионери кои пензијата ја примале преку Еуростандард не отвориле сметка во друга банка

272

Уште нешто помалку од 15.000 пензионери кои имале сметки во Еуростандард банка не отвориле нови сметки во друга банка преку која треба да ја добијат августовската пензија.

Вкупно околу 50.000 пензионери земале пензија преку Еуростандард банка, а од нив досега нови сметки отвориле 36.000. Останатите имаат рок до крајот на септември да се префрлат во друга банка за да ја добијат августовската пензија.

Оние кои избрале банка до 21 овој месец пензијата ќе си ја земат со останатите пензионери, почнувајќи од денеска во четири групи според нејзината висина. Оние кои отвориле и се уште отвораат сметки по тој датум исплатата ќе ја чекаат на 7, 14, и 21 септември.

Пензионерите кои пензијата им ја носеше поштар на домашна адреса ќе треба да почекаат банките да склучат таков договор со државната пошта. НЛБ Тутунска банка веќе објави дека е подготвена за исплата на пензијата на домашна адреса. Владата на денешната седница треба да разгледа преку која банка поштата ќе ги доставува пензиите.

Од Фондот за пензиски осигурување информираат дека ќе има вордедни исплати во текот на цел септември, но апелираат нова трансакциска сметка пензионерите да отворат што е можно побрзо.