39 лица се водат како исчезнати при превртување на брод на брегот на Флорида

54

Американската крајбрежна стража вечерва соопшти дека е започната потрага по 39 лица кои исчезнаа при превртување на брод кај брегот на американската сојузна држава Флорида.

Несреќата се случила во саботата, а се додава дека се сомнева дека на бродот имало мигранти.

Бродот тргнал од остров на Бахамите, се превртел на околу 70 километри источно од паркот Форт Пирс поради лошото време, додаде крајбрежната стража.