Во изгледот потсетуваат на американските палачинки, ама и на позниот француски десерт, суфле.

Ама мајсторијата е чисто јапонска – во рецептот за овој сладок рецепт се употребуваат само 40 грама шеќер. Важно е да се нагласи дека целата добиена смеса треба да се употреби веднаш, затоа што станува збор за колач од белки со многу малку шеќер – ако ја оставите во фрижидер, смесата ќе пушти вода.

Потребно е:

  •  2 поголеми јајца
  • 20 мл млеко
  • растително брашно
  • 1/4 лажиче екстракт од ванила
  • 30 г брашно по желба
  • 1 лажиче бел оцет
  • 40 г шеќер
  • малку масло за подмачкување

Приготвување:

Одвојте ги белките од жолчките во две посебни чинии.

Во жолчките сипете 20 милилитри млеко и 10 милилитри растително масло, како и екстрактот од ванила па убаво измешајте со маталка, да добиете посветла и пенеста смеса. Потоа, додадете 30 грама брашно. Внимавајте да добиете путереста структура.

Во чинијата со белките, додадете 1 лажиче оцет и матете со миксер. Кога смесата ќе стане пенеста, постепено додавајте го шеќерот и матете додека да добиете цврст шлаг.

Измешајте го шлагот со претходно добиената смеса. Соединете ги двете смеси убаво, мешајќи.

Тавчето загрејте го на ниска температура и потоа сипете малку масло, па размачкајте го маслото со салфетка. Користете умерена температура, а смесата сипувајте ја со шприц – треба да се добие пречник и височина на суфле. Потоа покријте го тавчето 3-4 минути. Кога ќе ги превртувате, ќе видите дали е потребно да се допечат уште малку од страна.

Можете да ги послужувате со сезонско овошје, ронки од чоколадо, преливи или едноставно со шеќер во прав.