Асфалтирана „Трета Македонска Бригада“ кај автопералната

119

Екипите на Град Скопје, деновиве го завршија асфалтирањето на делот на булевар „Трета македонска бригада“, каде што претходно по завршена постапка на експропријација беше отстранет времен објект, автоперална.

– Сега сообраќајот на овој потег се одвива во трите ленти, а со изградбата на средишниот појас возилата коишто доаѓаат од улицата „Фрањо Клуз“ веќе не можат директно да се вклучат во спротивната насока на „Трета македонска бригада’ – информираат од Град Скопје.