Лајен предупредува дека дезинформациите за Ковид-19 се опасни по живот

37

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска предупреди за зголемениот број лажни вести кои кружат за заразата со Ковид-19.
Таа предупреди дека цената на дезинформацијата во овој случај може да биде живот на граѓаните.

-Може ли лукот или витамин Ц да го излечат коронавирусот ? Не. Дали вирусот ги инфицира само старите? Не, рече Фон дер Лајен во видео-порака, укажувајќи на зголемениот број дезинформации за коронавирусот, особено на интернет.
Таа процени дека тоа се должи на сегашната неизвесност, вознемиреност и брзите променливи вести за пандемијата.

-Тоа мора да запре. Ние работиме со интернет платформи за подобро да се спротивставиме на дезинформациите за коронавирусот. Тие се тука за да обезбедат пристап до официјални извори и да ги отстранат штетните содржини и лажните огласи, вели Фон дер Лајен.

Таа истакна дека ЕУ ги следи чекорите што ги преземаат интернет-платформите и ги повика да ги проверат информациите што се појавуваат во нивната содржина и додаде дека информации и факти за некои од сториите што кружат на интернет, можат да се најдат на веб-страницата на Европската комисија.

-Верувајте им на вашите здравствени власти, Светската здравствена организација, реномирани медиуми кои секогаш го базираат своето известување на точни информации. Оние што шират дезинформации можат да ви наштетат и да ве чини живот”, заклучи Урсула фон фон де Лајен.