Рама излезе да ги советува граѓаните да си одат дома

84

По секојдневните апели до граѓаните, особено кон повозрасните, да седат дома, албанскиот премиер Еди Рама попладнево прошета по неколку улици и пазари во Тирана за да ги советува граѓаните да одат во нивните домови и да не излегуваат без многу важна причина.

Преку објава на Фејсбук, Рама сподели и неколку фотографии каде разговара со граѓани од различна возраст и ги советува да си одат дома.

Наведува дека избрал да оди без маска и ракавици затоа што го почитувал растојанието од најмалку еден метар.

„Денеска бев на неколку пазари во Тирана, каде состојбата беше многу позитивна. Проблем се пензионерите кои излегуваат од дома, што е забрането, бидејќи опасноста да се заразат од коронавирус кај нив е најголема. Максимално почитување на препораките и мерките! Трпение, трпение, трпение”,напиша Рама

„Не ме прашувајте зошто немам маска и ракавици”, додава Рама и објаснува: „Повторувам дека маската и ракавиците не се за пешаците, туку за болните, за оние кои се грижат за заболено лице или оние кои имаат можности за близок контакт воопшто … Пешаците доволно е да се придржуваат кон правилата, особено растојанието од еден метар, да не се ракуваат, да киваат и кашлаат според препораката”, пишува Рама.

Извор:МИА