Додека светската јавност се занимава со Хари и Меган, еден писател се досети дека принцот Џорџ треба да биде негов нов лик во цртан филм.

Писателот Гери Џанети постепено дојде до идеа за разработка на анимиран филм за првото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Инаку овој принц е трет наследник на британската круна.

Малиот принц со татко му

Дека сè е спремно за реализација потврди „HBO“ кои објавија дека наскоро започнува анимирана сатира со принцот Џорџ, кој ќе има главна улога.

Анимираната серија е сатиричен поглед осврнат на најмладиот наследник на британската круна додека тој се бори со секојдневни искушенија и кралските задачи во семејството.

Кралскиот портрет за новата деценија открива дека принцот Џорџ е мал бунтовник и дека воопшто не сака што мора да се однесува како принц, и што еден ден ќе мора да ја врши и кралската должност.

Членовите од кралското семејство во анимирано издание

Во анимираниот филм ќе се појават и останатите членови на кралското семејство, а гласовите им беа позајмени од познатите актери меѓу кои Орландо Блум, Кондола Рашад, Луси Панч, Том Холандер, Алан Каминг, Иван Рион и Френсис де ла Турн Рион.

(М.А)