Кошаркарите на Работнички славеа на дерби пресметката од 9. коло од Првата лига против Кожув со 97:81.

Најефикасни во победничкиот тим беа Виктор Ефремовски и Хејден Лескот со по 17 поени, Данило Мијатовиќ, Љубомир Младеновски и Бенџамин Двејн реализираа по 16 поени, додека Горан Главчев заврши со 10 поени. Еван Пејн со 27 поени беше најефикасен кај гевгеличани.

МЗТ Скопје, пак, немаше мака во пресметката со Вардар (97:80), натпревар во кој победникот однапред се знаеше, а беше потврден по само неколку минути игра во кои домашниот тим дојде до водство од 15:2. Марин Морнар со 18 поени беше прв стрелец кај шампионот, Дамјан Стојановски постигна 18 поени за 19 минути игра, додека Ерон Харис средбата ја заврши со 17 поени, шест скока и седум асистенции. Ајуда Њувес со 34 поени беше најефикасен кај црвено-црните.

ФОТО: Петр Стојановски