280 поштари се вработуваат пред избори

605

Оглас за 280 работни места, на неопределено работно време, објави Македонски пошти, на неполни два месеци пред одржувањето на изборите. Јавниот оглас е отворен, главно за поштари, на територијата на целата држава.

Конкурсите за вработување не стивнуваат во предизборниот период, и покрај апелите од антикорупционерите дека министрите и директорите на државните и јавните претпијатија до завршување на изборите не смеат да вработуваат.