На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоска и Равна Гора, помал спортски авион денеска принудно слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот во еден момент забележале како авионот почнал да слетува.

Според хрватските медиуми, станува збор за цесна во која се наоѓал пилот инструктор и една жена којашто ја обучувал. Најверојатно поради проблеми со моторот, тие биле принудени да слетаат.

,,Тој почна да кружи по небото над нас, се спушти многу ниско, но сепак мислевме дека е нормално. Тогаш сфативме, дека тој навистина ќе слета таму! Авионот малку одеше лево – десно по патот се додека неговото крило не удри во оградата, по што застана во стоп-лентата. Од авионот излегоа преплашени маж и жена”, велат очевидци на настанот за хрватските медиуми.

Инструкторот и жената требало да летаат кон Гробник, таму да направат неколку слетувања и потоа да се вратат во Загреб.

За среќа, слетувањето на авионот не предизвика несреќа и никој не е повреден во инцидентот.