25% помала плата за Елмас

95

Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис има намера да ги казни играчите, а вкупната казна може да изнесува 2.5 милиони евра. Најголема казна му се заканува на играчот од средниот ред Алан, кој би можел да загуби 200.000 евра, пренесува „Ла Газета дело Спорт“.

Пред 20 дена, Де Лаурентис им нареди на фудбалерите и тренерскиот штаб да бидат во карантин поради лошите резултати, но фудбалерите по натпреварот од 4. коло од групната фаза во ЛШ против Салцбург (1:1) ја игнорираа наредбата на претседателот. Италијанските медиуми објавија дека еден од иницијаторите на бунтот е Алан и поради таквиот потег, сите фудбалери ќе добиваат 25% помала плата во следниот период.