Тејлор Свифт со новата песна го провоцира Доналд Трамп

260

Познатата американска пејачка и текстописец Тејлор Свифт го објави вториот сингл “You Need to Calm Down” (Треба да се смириш) од својот најнов албум “Lover”, а нејзините фанови се убедени дека со песната го провоцира американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Космополитан.

Новата песна е поврзана со парадата на гордоста, која ја поддржува и во исто време се обраќа кон машка особа која директно ја осудува и провоцира.

“Ти си некој кој не го знаеме, а ги напаѓаш моите пријатели. Зошто си лут?”, Е дел од песната што Тејлор ја изведува.

Интересно е тоа што песната беше објавена на роденденот на Трамп, што ги воодушеви фановите на оваа пејачка. Таа песната ја објави во екот на промената на своите политички ставови и таа конечно отворено почна јавно да ги изнесува своите мислења и ставови. Оваа песна тоа целосно го потврдува.