Прифатени оставките на Груевски и Богоевски

104

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска ги констатираше оставките на пратеникот Павле Богоевски, и пратеникот во бегство Никола Груевски.

Пред пратениците својата оставка ја образложи само Богоевски кој ги наведе причините и рече дека чувствува морална одговорност.
-Не оди еден пратеник кој толку се залагал за еднаква правда и правичност за сите, кога ќе стори нешто незаконски, не личи да продолжи да биде пратеник – порача Богоевски.

 

На овој начин, како што рече, покажал дека вредностите и принципите на Шарената револуција сѐ уште се живи. Како што рече Богоевски, од денеска Груевски е само бегалец од правдата и ништо повеќе.
-Груевски со нашите пари се гоштева на бродовите во дунав, плаќа скапи вечери и ручеци и се сместува во скапи хотели. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ се виде, а помеѓу Груевски и ВМРО-ДПМНЕ постои папочна врска. За жал видовме дека е нераскинлива – рече Богоевски.
Тој додаде дека Груевски реши да поднесе оставка криејќи се од народот, а не лично да понесе одговорност.
-Нема да ја оспоруваме одлуката за прифаќање на оставката, како парламентарно мнозинство нема да дозволиме бегајќи Груевски и понатаму да зема плата и да ги троши државните пари на скапи хотелски сместувања, скапи ручеци и вечери. Груевски е само бегалец од правдата и ништо повеќе. Збогум Никола, во оваа држава ќе бидеш добредојден само во место каде ќе ја одлежиш казната и ќе можеш да се вратиш само со лисици – рече Богоевски.