22 приведени за непочитување на полицискиот час

31

 

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР полицискиот час не го почитувале 41 лице, при што приведени се 22 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира МВР. На 186 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 350  лица потпишале изјави за самоизолација.